ЛИДЕРИ ВО КОМУНИКАЦИИТЕ

“Connected Era” го воведе Real Time како нова валута во рекламирањето, a потрошувачите ги стави во центарот на сите стратегии. Тоа се принципите по кои работи и Direct Media.
Ние сме секогаш на изворот на промените, бидејќи постојано одново ги создаваме дејствувајќи во динамичната комуникациска средина. Задоволни сме што бевме лидери на промените на пазарот препознавајќи го дигитал како нова шанса но и неизбежен пат на развој, воведувајќи Augmented Reality за што бевме наградени со регионално признание, како и Twitter рекламирање, Real Time Bidding (RTB) технологија , и Programmatic buying – најсовремен начин за изнајмување на онлајн медиумите.

Самата структура на Direct Media системот тесно е поврзана со нашата култура. Таа ги собира тимовите од регионот на заеднички задачи и овозможува истовремено увид во централизираните алати, но и стручност и специфичност на секоја од локалните канцеларии. Резултатите се оптимални и иновативни комуникациски решенија, поместување на пазарот кон последните трендови, додека нашите партнери успешно може да ги следат своите глобални стратегии.

Важен дел од нашето работење се базира на унапредување на медиумската средина – препознавање и креирање на најдобра медиумска содржина и посредување во нејзиниот пласман на нашите партнери од медиумите.

„Connected era“нуди бесконечни можности за комуникација. Постојаната медиумска фрагментација создадава подинамично, возбудливо и покомплексно опкружување, а реалноста почнува да го поддржува интерфејсот на виртуелниот свет. Вниманието на потрошувачите не можеме да го подразбираме. Постојаната потрага за поефикасни начини на комуникација бара мерлива и иновативна реакција.

Комуникациското планирање за нас претставува софистициран Science & Art пристап. Oвој пристап за основа го користи consumer journey и фактот дека медиумскиот свет е поделен на Paid, Earned и Owned медиуми, a дека ROI е фокус.

Нашата методологија наречена 7L во целост е стандардизирана и овозможува навремен и прецизен одговор на сите предизвици во кои се наоѓаат огласувачите. Преку пет фази – од анализи, преку создавање на content, оптимизација и мерливост до фазата на учење (што подразбира собирање на сите знаења и заклучоци)- обезбедуваме едноставни одговори и решенија за connection planning.