Кој се грижи за тоа – каде ни растат децата?

NIVEA, Fusion Communications

Детските игралишта во Србија се запуштени и ги нема во доволен број, а би требало да бидат места на кои децата растат, семејствата се собираат и на кои се нагуваат вистинските вредности.
Бидејќи овие вредности се вредности и на самиот бренд, NIVEA си постави за цел реконструкција на што поголем број на детски игралишта во Србија во рамките на својата CSR стратегија.

Решение

Идејата беше преку кампањата “Кој се грижи за тоа каде ни растат децата” да се изгради цврст емотивен однос со луѓето, во нив да се покрене свеста за важноста на ова прашање и со самото тоа оваа донација да добие уште повеќе на својата вредност.
Преку интегрираниот пристап, допревме точно до луѓето кои се грижат каде растат децата.
Повикувајќи ги возрасните преку исценирани детски протести, пред нив поставивме предизвик да се придружат во активистичката дебата на Facebook и да почнат да праќаат фотографии од уништени детски игралишта со точна локација. Симултано, генериравме информации кои ни беа неопходни и кои ја зголемуваа свеста за проблемот, што, со текот на времето создаде притисок врз надлежните органи на градот да ја поддржат реконструкцијата.

Резултати

  • Создавање на силна Facebook заедница со високо ниво на ангажираност
  • Веќе се изградени 14 во Србија, a проектот за реконструкција на игралиштата и понатаму трае!
  • Се планира секоја идна година по 5 градови да добијат Nivea игралиште
  • 37.900 лајкови нa Facebook страницата
  • 16.691 YouTube прегледи
  • 89 ПР текстови и статии во медиумите
  • Nivea оваа кампања ја награди со CSR Oскар за 2013.година на глобално ниво на компанијата