Perwoll Fashion Catalogue

Henkel, Србија

Како да се диференцира Perwoll како special duty детергент од течните детергенти Persil и Ariel кои лесно го зголемуваат пазарното учество заменувајќи ги традиционалните детергенти во форма на прашок? Toа беше бриф за кампањата во која целата комуникација требаше да се вклопи во стратегијата и имиџот на брендот и неговата врска со модата.

Решениe

Oдлучивме да креираме сопствен канал за комуникација – моден каталог каде што ќе се претставува историјата на брендот, сите варијанти на Perwoll и предностите од неговото користење за специјалните видови на ткаенини, но и да ги едуцираме потрошувачите и да го зајакнеме brand equity. Затоа го осмисливме Perwoll fashion каталогот, како посебно издание во рамките на Elle магазинот. Ги замоливме модните уредници на Elle, како експерти за мода, ткаенини и трендови, да го уредат Perwoll каталогот. На брендот му дадовме премиум формат и позиција за максимален визибитет, прецизно ги таргетиравме трендсетерите и го поврзавме трендот со содржината која дополнително го истакнува неговиот brand equity.

Pезултат

Oценка на клиентот Out of the Box решение и продолжение на кампањата во секоја сезона
Бонус резултат: Дека се работи за врвна егзекуција говори и фактот дека Стефано Габана, член на популарниот моден бренд, на својот Инстаграм профил ја постави насловната страна токму на Perwoll каталогот.