.
МЕДИУМСКО И КОМУНИКАЦИСКО
ПЛАНИРАЊЕ

МЕДИУМСКО И КОМУНИКАЦИСКО ПЛАНИРАЊЕ

Успешното поставување на медиумската и комуникациската стратегија е основа на која се темели секоја ефикасна кампања. Direct Media со своето знаење, искуство и алатки дава идеи и интегрирани решенија кои го зајакнуваат брендот и креираат искуства релевантни за потрошувачите.

Се поголемата фрагментација на медиумите и ерата на „персонализација“ од нас бара единствен пристап до целната група. Новите технологии на брендовите им овозможуваат двонасочна комуникација со своите потрошувачи. Затоа нашето медиумско и комуникациско планирање за основа го користи consumer journey и фактот дека медиумскиот свет е поделен на paid, earned и owned медиуми. Имајќи во го фокус ROI, го користиме длабокото познавање на пазарот и навиките на потрошувачите, новите технологии и оригинални концепти како би им овозможиле на нашите партнери ефикасни решенија.

ИСТРАЖУВАЊЕ И АНАЛИЗА

ИСТРАЖУВАЊЕ И АНАЛИЗА

Живееме во времето “big data” кое пред нас става предизвик да ги разбереме промените и да ги истражуваме новите можности за контактирање со потрошувачите.

Direct Media располага со сите релевантни истражувања и бази на податоци, но развива и сопствени алатки и анализи. Искуството и знаењето ни овозможуваат создавање на сеопфатна слика која претставува основа за градење на успешни комуникациски стратегии.

INSIGHTS

INSIGHTS

Главна задача на Insight e разбирање на клучните влијанија, анализи на податоци и синтеза на сите резултати во заклучокот кој открива нов тренд и факти.

Увидот (те. разбирањето и реалниот заклучок) е клучната информација за донесување на навремени и добри одлуки и претставува основа на стратешкото планирање.



Се стремиме кон тоа нашите совети да имаат практична вредност и да создадат разлика во корист на нашите партнери.

MEDIA BUYING

MEDIA BUYING

Современиот маркетинг, а во согласност со него и рекламирањето, се сретнуваат со притисокот да се рационализираат буџетите и да се обезбеди што поголем поврат на инвестицијата.

Следејќи ја идејата на најдобрите стратегии за клиентите, нашата работа е да најдеме оптимален, но и најефикасен начин да допреме до публиката на која и се обраќаме. Нашата цел е квалитет по најповолна цена, што зависи од силата на агенцијата и од позицијата на пазарот, како и од процесите на преговарање кои се усовршуваат со години наназад.

DIGITAL PLANING

DIGITAL PLANING

Медиа планирањето е вештина за избор на вистинските платформи за рекламирање на производи или услуги на клиентите. Дигиталните планери имаат тешка задача да одредат кога, каде и колку често е потребно да се прикажува рекламата на клиентот. Нивната цел е да ја “погодат” вистинската целна група, во вистинското време и преку вистинскиот канал, а сето тоа во рамките на зададениот буџет. Нашите стратези и планери прецизно и детално го комбинираат таргетирањето, тактичкото планирање, оптимизацијата, адаптацијата и атрибуцијата со цел на клиентот да му го овозможат максимумот за вложениот буџет.



Како лидери на дигиталниот медиумски пазар, на своите партнери можеме да им ја овозможиме привилегијата, први да ги користат новите технологии, канали и формати:

  • Native Advertising
  • Стратегии за рекламирање на социјалните медиуми
  • Напредни тактики и техники на retargeting
  • Кампањи на пребарувачите со постојано следење и прилагодување, со цел постигнување на максимални резултати
  • Стратегии за настап на сите дигитални медиуми со користење на сите канали
  • Видео рекламирање на позициите кои обезбедуваат максимална видливост за брендот
PROGRAMATIC, RTB & BIG DATA

PROGRAMATIC, RTB & BIG DATA

“Programmatic е глутен на рекламирањето” – оваа реченица ја изговори познатиот водител Џими Кимел во својата емисија. Како и глутенот, и “programmatic” стана фраза која многумина ја користат, но само малкумина го разбираат суштинското значење, единственото нешто што го знаат е дека се работи за нешто многу важно. И тоа со причина.

Programmatic подразбира широк спектар на различни технологии кои овозможуваат закуп и оптимизација во областа на дигиталните медиуми. Oвие технологии ги заменуваат “рачните” методи за закуп, така да сега рекламодателите може да закупуваат позиции во дигиталните медиуми побрзо и поефикасно од кога било досега.
Како пионери на пазарот во оваа област, подготвени сме на клиентот да му ги понудиме своето знаење и искуство во анализата на податоците од display рекламирањето, мобилното рекламирање, социјалните мрежи, видео и не стандардните display формати и комплетната платформа неопходна за programmatic камапањата. Комбинацијата на напреден софтвер и нашите експертизи гарантираат извонредни резултати.

SOCIAL MEDIA & CONTENT MARKETING

SOCIAL MEDIA & CONTENT MARKETING

Нашите експерти во областа на содржината и рекламирањето на социјалните мрежи внимателно ги бираат најдобрите канали преку кои ги пласираат огласите така да допрат до вистинската целна група во вистинскиот момент и да ги остварат поставените цели и максимални ефекти на компанијата. При планирањето на поставката и оптималноста на кампањата ги користиме најдобрите софтверски алатки и најновите трендови.

Тимот е специјализиран да даде најмногу во следниве сегменти:

  • Администрирање на профили на социјалните мрежи
  • Стратегија на настапи во блогосферата и управување со коментари
  • Развој и оптимизација на содржината за социјалните мрежи
  • Oптимизација на текстуалната содржина и на визуелниот дизајн за постовите на социјалните мрежи
  • Платени кампањи на социјалните медиуми и „Native Advertising“ кампањи
MOBILE ADVERTISING

MOBILE ADVERTISING

Moбилните платформи се повеќе го преземаат приматот над употребата на десктопот. Со комбинирање на податоците за мoбилните платформи и маркетинг вештините, ние можеме секој клиент да го однесеме на патот кон идниот деловен успех. Го познаваме мобилниот екосистем, а што е уште поважно, знаеме да користиме соодветни медиуми за соодветни стратегии. Во исто време, ги разбираме трендовите, технологијата и иновацијата затоа што постојано се унапредуваме.


Поставуваме индустриски стандарди работејќи со повеќе од 250 домашни и светски партнери. Ние не ги копираме десктоп кампањите на други платформи туку ги согледуваме јаките страни на секој канал посебно и така го истакнуваме брендот.


Одлично ни е позната моќта на креативноста, како би се ставил брендот на адекватен начин во прв план во различните фази на купување. Поради тоа постојано ја тестираме и усовршуваме својата работа, следејќи на кои начини сториите ги привлекуваат луѓето.

EMAIL & CRM

EMAIL & CRM

Кога ќе ја споиме вистинската содржина со најдобрата целна група од една страна и вистинскиот избор на канали за комуникација во соодветниот момент со другата страна– добиваме максимални резултати. А токму тоа е причината зошто нашите експерти зa CRM ги интегрираат сите аспекти на кампањата користејќи ги следниве канали:

  • E-маил маркетинг на сите уреди и платформи
  • Ангажирање на корисниците преку Push нотификација
  • Насочување на корисниците кои користат Geo-Fencing и Geo-Targeting
  • Посебни канали за мобилни уреди како што се SMS, QR кодови или Augmented Reality
  • Hyper-targeting корисници користејќи посебни листи и персонализирани содржини
КРЕАТИВА И ПРОДУКЦИЈА

КРЕАТИВА И ПРОДУКЦИЈА

Водени со потребата на партнерите своите работи да ги завршат на едно место со неопходна доза на креативно и оригинално, а со сигурност, прецизност и одговорност кои работата во медиумската агенција ги подразбира, создадовме креативен одел.

Нашиот креативен тим ги користи своето искуство, талент и посветеност на иновацијата да развие креативни бренд стратегии, да креира визуелен идентитет, корпоративен идентитет и концепт наменет за сите комуникациски материјали.

Поврзувајќи ги Insights и consumer center thinking, нашата цел е создавање на релевантна креативна содржина за брендот и за потрошувачите. .

Креираме материјал и бренд содржина за потребите на рекламирање на традиционалните медиуми, како и за сите видови на онлајн платформи и социјални мрежи.

ПОСЕБНИ ПРОЕКТИ

ПОСЕБНИ ПРОЕКТИ

Развојот на пазарот на комуникации на клиентите им го наметна прашањето како да се разликуваат од конкуренцијата и како да имаат посоодветен пристап кон потрошувачите. Обидувајќи се да им ги претставиме нашите клиенти на потрошувачите на поинаков, поиновативен начин, го препознавме значењето на неконвенционалното средство за рекламирање.

Нашите клиенти имаат можност да учествуваат во продукција на различни формати кои одговараат на профилот на целната група и на имиџот на брендот. Покрај претставувањето на производите, постои можност и за имплементација на спонзорски пакети, како и други методи на визуелизација на пораката на клиенот до потрошувачите во традиционалните медиуми. Тука е и можноста за имплементација во посебно креираните проекти кои ги вклучуваат сите комуникациски канали но ексклузивната содржина креирана е за медиумите и за некои сосема нови канали на комуникација.

ТРЕНИНЗИ & ЕДУКАЦИЈА

ТРЕНИНЗИ & ЕДУКАЦИЈА

Постојаната обука и развојот на стручноста се двигател на успехот во се што правиме. Direct Media е систем со најразвиена тренинг програма во регионот за вработените и за нашите партнери кој овозможува едукација во областа на актуелните трендови на рекламирање, организирање на работилници, семинари и предавања на еминентни светски експерти.

СТРУЧНО СОВЕТУВАЊЕ

СТРУЧНО СОВЕТУВАЊЕ

Meнаџментот на агенцијата се состои од експерти од различни области. Toа ни овозможува секоја работа да ја согледаме од сите можни агли и да предложиме сеопфатно решение. Градиме квалитетни односи со нашите партнери и поседуваме знаење, искуство и алати кои се потребни за креирање на успешни компании. Но, пред сè, имаме сигурен тим од искусни и талентирани луѓе, кои нашите клиенти ги водат низ планирањето, закупот, дизајнот и имплементацијата на кампањата.

МЕДИУМСКИ СОДРЖИНИ

MEDIJSKI SADRŽAJI

Како водечки медиумски систем во регионот Direct Media е лидер и во областа на аквизиција на медиумските содржини.

Навремено ја препознавме можноста за дополнително зајакнување на своите партнерски односи со клиентите така што својата корпоративна стратегија ја проширивме и на аквизиции на аудиовизуелниот материјал. Во своето богато портфолио, Direct Media гордо истакнува некои од клучните проекти на национални, регионални и глобални нивоа.

Нашата филозофија е дека инвестирањето во содржината и технологијата е несекојдневна предност која од нас прави оптимални партнери за нашите клиенти.